Ален Хасановиќ ја преработи „Једина“ на Тоше Проески

Ален Хасановиќ сними преработка на големиот хит „Једина“ на Тоше Проески, а за неа сними и домашно видео.

– Мора да се сними нешто и од омилениот пејач, нели? Често добивам пораки во „инбокс“ за да направам преработка на некоја од песните од Тоше, па еве, конечно тоа го направив. Се надевам дека ќе ви се допадне мојата верзија, вели Ален.

Хасановиќ во изминатиот период активно работи на зајакнување на капацитетите на својата продукција „АХ Медиа“. Раководител на продукцијата е неговиот брат, Армин Хасановиќ.

Сподели