Град Скопје трајно ја воведе забраната за запирање возила за доставување на стока

Советот на Град Скопје на денешната осма седница усвои, времената одлука за забрана за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7.30 до 18 часот да стане трајна. Лани во декември, Советот на Град…

Невработеноста лани изнесувала 22,4 проценти

Бројот на невработени лица лани изнесувал 213.564 што претставува 22,4 проценти од активното население во државата, објави Државниот завод за статистика. Во 2016 година, стапката на невработеност изнесувала 23,7 проценти и бележи намалување за 1,3 отсто. Лани, активното население броело  954.212…

Народна банка ја намали каматната стапка од 3,25 на 3 проценти

Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, од 3,25 на 3 проценти. Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ ги разгледал најновите остварувања во домашната економија и оценил дека има простор за олабавување на монетарната…

Автопатот Кичево – Охрид во сериозни проблеми, Кинезите поставуваат услови

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека зголемувањето на бруто-домашниот производ од 3,2 проценти за оваа година може да се постигне со поттикнување на градежништвото, но не во проекти како „Скопје 2014“, туку преку изградба на инфраструктурата. Тој додаде…

Во Босна и Херцеговина ќе може да се патува и само со лична карта

Владина делегација од Босна и Херцеговина, предводена од претседавачот со Советот на министри, Денис Звиздиќ денеска е во официјална посета на Македонија. За време на посетата, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи,…

Архитектите ја поздравија одлуката новиот Клинички центар да се гради во Злокуќани

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја поздрави одлуката на Владата и Министреството за здравство, со која се разреши дилемата околу изградбата на новиот Клинички центар, кој треба да се гради во Злокуќани. „Истовремено изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата новиот Клинички…

Процесот „Жан Моне“ одложен за мај поради организациски причини

Процесот „Жан Моне“, инициран од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан е одложен за мај, потврдиле за МИА од канцеларијата на Вајгл. Средбите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание и претставници на Европскиот парламент и…

Поради небезбедност повлечена млечната храна за доенчиња од „Селија“

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека од пазарот ќе бидат повлечени дел од производите за млечна храна за доенчиња од францускиот производител „Селија“ по информациите за нивна небезбедност добиени од Системот за брзо информирање и управување со небезбедна храна…

Намален бројот на заболени од грип, изминатата недела регистрирани 2.781 случаи

Во текот на изминатата недела во земјава е регистриран 2.781 заболен од грип, што е намалување за 35 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 4.258 заболени лица, стои во извештајот што на својата веб-страница го објави Институтот…

СДСМ: Порастот од 1,2 отсто во последниот квартал на 2017 е закрепнување на економијата

Порастот на Бруто домашниот производ (БДП) од 1,2 отсто во последното тромесечје од 2017 година ја потврдува исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ и е уште еден во низата показатели дека економијата се стабилизира и се движи…