Енис Фазлагиќ Од Велешко Оризари – Златното момче на македонскиот фудбал

Во последните неколку години во Македонија младите фудбалски таленти се повеќе доаѓаат до израз и нивниот детски сон професионално да се бават со фудбалот станува реалност.

Еден од младите фудбалери чија почетничка кариера е во подем е седумнаесетгодишниот Енис Фазлагиќ по потекло од велешко Горно Оризари, инаку фудбалер на тетовска Шкендија и репрезентативецот на Македонија.

Неговиот инзвонреден талент се повеќе доаѓа до израз а со тоа прогресивно расте интересот за овој фудбалер чие време допрва доаѓа. Медиумите во Хрватска, но и медиумите во регионот веќе објавуваа дека за Фазлагиќ покажал интерес успешниот хрватски клуб Динамо од Загреб, но и други клубови.

Неговата дисциплина, брзина во реакциите, тактичкиот начин на размислување во натпреварите, но и големиот ентузијазим кој го поседува младиот Фазлагиќ се само дел од карактеристите кои го красат

. Фудбалските стручњаци веќе во суперлатив зброруваат за Енис, а тој полека и сигурно ги освојува срцата на љубителите на добриот и квалитетниот фудбал.

Р.Хасановиќ

Сподели