Енис Фазлагиќ постигна извонреден погодок за водство на Шкендија

 

Златното момче на македонскиот фудбал . Со овие зборови вчера го опишавме младиот талентиран фудбалер Енис Фазлагиќ кој игра во редовите на Шкендија која денеска на домашен терен игра со Силекс.

Токму ова младо момче денеска ги оправда очекувањата и сите суперлативи кои во последно време одат на сметка на неговото име.

Фазлагиќ во денешниот натпревар во 15 минута од првото полувреме по примена топка пред шеснаесеттерецот на Силекс, успеа многу лесно и едноставно да се ослободи од противничките играчи, да создаде простор за удар и извонредно точно да ја упати топката во противничкиот гол.

За голманот на Силекс, ударот на младиот Фазлагиќ беше неодбранлив, а тоа на Шкендија и донесе водство, а за навивачите на трибините голема радост.

Р.Хасановиќ

Сподели