” Ко сам ја теби сад ” – ХИТ во најава – Ален Хасановиќ и Белма Каршиќ снимија нов дует

Ален Хасановиќ и Белма Каршиќ вчера премиерно ја објавија долгонајавуваната дуетска песна со наслов ”Ко сам ја теби сад” кој за неполни 24ч има над 100.000 прегледи што е добар предзнак за хит.

После нивната заедничка нумера ”Док спава град ” звездите на гранд одлучија повторно да влезат во музичкото студио во Белград и со заеднички сили снимија уште еден хит.

Музиката ја работеше Саша Диниќ текстот го пишуваше Ана Диниќ  а за аранжманот беше задолжен Александар Саблиќ.

Песната ” Ко сам ја теби сад ” е со модерен звук а Ален и Белма за новиот дует снимија и видеозапис.

Видеозаписот се снимаше на повеќе локации во Скопје за која беше задолжена видео продукцијата АХ МЕДИА од Прилеп под режисерска палка на Армин Хасановиќ.

Во продолжеток премиерно погледенете го нивниот видеозапис

Сподели