УЈП: 130.850 граѓани поднеле годишна даночна пријава, рокот е до 15 март

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава и потсетува дека наближува крајниот рок за поднесување до 15 март.

„Имајќи предвид дека се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата, а со цел намалување на метежите во даночните канцеларии особено во Скопје, отворени се дополнителни шалтери за прием на годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром  Исто така, граѓаните можат да ги достават пријавите и преку мобилните даночни шалтери“, информираат од УЈП.

Извор : META

Сподели