Заев: Кога ќе заживее Законот за јазици, ќе се види дека нема ништо страшно

Блокирањето на Законот за употреба на  јазици значи дека некој се плаши овој закон да заживее, бидејќи кога ќе заживее ќе се види дека сите стравови што се шират биле лаги, рече премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање по конститутивната седница на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна.

– Одлуките што ги носи Собранието мора да заживеат. Да го пуштиме законот да живее за да видат сите дека нема ништо страшно и да се фокусираме на тоа што е важно за сите – здравство, земјоделство, инфраструктура – рече премиерот.

Извор Мета

Сподели